Продолжува пресметката со нарко- мафијата во Лазарат
25.06.2015 12:19
Сите излези од селото се под целосна опсада на полицијата...

Тензично во Лазарат. Полицијата доќна синоќа ја прекина акцијата за апсење дилери во најпознатото албанско село во кое се одгледува и продава дрога.
Според полициски извори конечната пресметка со нарко мафијата ќе продолжи и денеска. Сите излези од селото се под целосна опсада на полицијата.
Досега се уапсени единаесетмина, додека за 21 лице е распишана потерница. Во вчерашната акција еден полицаец загина, додека двајца се потешко поредени.
