Отчукува часовникот: Нови разговори меѓу Грција и кредиторите

25.06.2015 12:37

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле синоќа изјави дека има малку надеж дека ќе биде постигнат договор со Грција...

Отчукува часовникот за Грција. Последни моменти за спас на земјата од банкрот. Состојбата е се уште неизвесна откако вчерашните разговори меѓу премиерот Алексис Ципрас и кредитроите завршија без договор.

Двете страни цврсто стојат на своите позиции. Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле синоќа изјави дека има малку надеж дека ќе биде постигнат договор со Грција.

Се очекува разговорите да продолжат денеска пред почетокот на состанокот на министрите од еврозоната.