Ракомет

Без Стојчевски до крај

15.01.2014 16:10

На вчерашниот натпревар против Чешка нашиот ракометар Никола Стојчевски ја обнови повредата на препоните и според докторот на репрезентацијата ќе мора да одмара најмалку 10-тина денови или до крајот на европското првенство.

Според новите правила на ЕХФ неговото место ќе може да биде пополнето уште на утрешниот натпревар со Австрија. Селекторот Обрван одлуката дали голманот Никола Митревски или пивотот Никола Маркоски ќе ја донесе вечерва или најдоцна утре до 9 часот. Да потсетиме во Хернинг е и Немања Прибак но на неговата голема помош македонската репрезентација ќе може да смета во вториот круг доколку се пласираме.