Столтенберг: Можност од обновување на борбите во Украина
25.06.2015 15:25
Русија и натаму ги поддржува сепаратистите и им доставува оружје и војници...

Постои можност од обновување на борбите во Украина, каде примирјето редовно се прекршува, изјави генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.
Русија и натаму ги поддржува сепаратистите и им доставува оружје и војници, додаде Столтенберг и истакна дека најдобар начин да се реши конфликтот е почитување на спогодбите од Минск.
