Не е шега - Реал Мадрид и Баерн Минхен играат кошаркарско дерби

15.01.2014 16:13

Во кошаркарската Евролига вечерва се игра еден натпревар од 3 коло во Топ 16 фазата. Во Мадрид, екипата на Реал го пречекува тимот на Баерн Минхен. И ако до минатата година една ваква фудбалска пресметка би претставувала вистинско европско дерби, од оваа сезона тоа може да се каже и во кошаркарска смисла.

Реал Мадрид има неверојатни 68 трофеи, од кои рекордни 8  шампионски  европски титули, и 31 во шпанското првенство, а Баерн Минхен скромни две во Германија, од кои последната во далечната 1955 година, па сепак, звучните имиња на ривалите, придонесуваат нивниот меѓусебен дуел да биде еден од најпривлечните.

Исто така, и резултатите во оваа фаза, во која Баерн најпрвин го совлада Жалгирис во Каунас, а потоа и Партизан во Минхен, и со најдобра кош разлика се наоѓа на врвот во ’’Ф’’ групата. Од друга страна, Реал Мадрид е единствениот непоразен сезонава во елитната конкуренција, со 10 победи во првата групна фаза, плус двете над Партизан и Галатасарај, во Топ 16.

Покрај вечерашниот натпревар Реал Мадрид – Баерн Минхен, сите други дуели од 3 коло се утре и задутре. Во рамките на ’’Е’’ групата се среќаваат :

Олимпијакос – Барселона

Уникаха – Фенербахче Улкер

Емпорио Армани – Лаборал

Панатинаикос – Анадолу Ефес.

Во групата ’’Ф’’ двојките се :

Жалгирис – Макаби

Галатасарај – Локомотив Кубан

Партизан – ЦСКА