Баерн се реши за Даглас Коста
25.06.2015 16:50
Досегашниот фудбалер на Шахтјор Доњецк ќе го носи дресот на Баварците во наредните четири години и ќе го засили средниот ред ...

Во периодот за трансфери пазарат и најдобрите. Баерн Минхен ги обезбеди услугите на Бразилецот Даглас Коста.
Досегашниот фудбалер на Шахтјор Доњецк ќе го носи дресот на Баварците во наредните четири години и ќе го засили средниот ред којшто ќе биде значително ослабен доколку Франк Рибери реши да ја заврши кариерата поради хроничната повреда на скочниот зглоб.
Преминот на Даглас Коста чини 35 милиони евра и е четврти најскап во Бундеслигата.
