Сеуште нема договор меѓу Грција и кредиторите

25.06.2015 17:39

Австрискиот министер за финансии Шелинг ја обвини Атина дека се однесува неодговорно...

Се уште нема договор меѓу Грција и кредиторите пред средбата на Еврогрупата во обид да договорат помош за да се избегне банкрот на земјата. На разговорите требаше да се финализира договор кој прво треба да го одобрат министрите за финансии од еврозоната, а потоа и лидерите на ЕУ на вечерашниот состанокот на самитот во Брисел, пред крајниот рок на 30 јуни кога Грција треба да врати дел од својот долг на ММФ.

Австрискиот министер за финансии Шелинг ја обвини Атина дека се однесува неодговорно бидејќи отфрла секаков компромис и постојано поставува нови барања. Германскиот министер за финансии Шојбле предупреди дека перспективите за постигнување на договор меѓу Грција и нејзините кредитори се смалуваат.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, пак, смета дека Грција и кредиторите ќе може да постигнат конечен договор за помош во замена за реформи.

Претходно грчки владини извори потврдија дека грчката страна одбила контра предлог од европските институции, според кој од Атина се барало зголемување на приходите од ДДВ и уште поголемо намалување на државните расходи.