Богатинов на пат за Нефчи

25.06.2015 17:44

Мартин Богатинов преговара за договор со азербејџанскиот тим Нефчи...

Повремениот македонски фудбалски репрезентативец Мартин Богатинов преговара за договор со азербејџанскиот тим Нефчи.

Голманот, кој има шеснаесет настапи за нашата селекција, лани играше во екипата на Ермис од Кипар, а претходно интернационалната кариера ја градеше во романска Стеауа и во Карпати од Украина.

Богатинов веќе се приклучи на подготовките на Нефчи во Австрија.