Кире Лазаров најдобар ракометар во екс-ЈУ
Лазаров со Барселона освои се што можеше да се освои во сезоната, а круна меѓу вкупно седумте трофеи, беше европската титула на Ф4 турнирот од ЛШ во Келн.

Македонскиот репрезентативен капитен Кире Лазаров е најдобриот ракометар на просторите на поранешна Југославија, во традиционалниот избор на интернет старницата „ Балкан - Хендбол“.
Лазаров со Барселона освои се што можеше да се освои во сезоната, а круна меѓу вкупно седумте трофеи, беше европската титула на Ф4 турнирот од ЛШ во Келн. Најдобриот десен бек во светот за 2014-та според Хандбол Планет, е третиот лауреат во оваа анкета по Момир Илиќ и Домагој Дувњак.
Оваа година Лазаров освои 29 гласа, еден повеќе од бекот на Веспрем, Момир Илиќ. Српскиот капитен е најдобар стрелец во ЛШ сезонава, токму пред нашиот бомбардер. Третопласиран е неговиот клупски партнер пикерот Ренато Сулиќ.
Кај дамите триумфираше Катарина Булатовиќ, додека ланската победничка, Андреа Лекиќ беше трета во изборот на читателите. Таа со соиграчката од Вардар, Андреа Пенезиќ се во идеалниот тим на сезоната. Веселин Вујовиќ е прогласен за нај тренер во екс Ју за оваа сезона.
