Утре ќе се одлучува за судбината на Грција
26.06.2015 10:56
Утре ќе се одлучува дали и како Грција ќе ги добие посакуваните 1,5 милијарди евра кои очајно и требаат за да го врати долгот...

Европа ќе почека до сабота кога повторно ќе се одлучува за судбината на Грција. Ципрас замина од состанокот на Еврогрупата без изјава, иако италијанскиот премиер го замоли заедно да сопштаат што имаат по мачните и тешки преговори во кои Грција нуди зголемување на приходите, но не и на расходите.
Со тоа, утре ќе се одлучува дали и како Грција ќе ги добие посакуваните 1,5 милијарди евра кои очајно и требаат за да го врати долгот спрема кредиторската тројка.
