Поднесување барања за субвенции до крајот на овој месец
26.06.2015 11:02
Да не се чека последниот ден! Земјоделците кои ги исполнуваат условите за субвенции, барањата треба да ги поднесуваат до крајот на овој месец до подрачните единици на министерството...

Рокот за поднесување на апликациите е до 30-ти јуни. Барањата се доставуваат во подрачната единица на Министерството, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Платежната Агенцијата ги советува фармерите да внимаваат на бројот на трансакциската сметка напишана во барањето.
Годинава за субвенции во земјоделството се предвидени повеќе од 140 милиони евра.
Методија Трајков
