Претприемачите, спортистите и адвокатите се најпривлечни за жените

26.06.2015 11:16

И фудбалерите, а и спортистите генерално имаат добар рејтинг, бидејќи имаат милиони во банка...

Жените најмногу се заинтересни за мажи кои се претприемачи, спортисти и адвокати. За жените богатството и статусот се двете најпривлечни карактеристики кај мажите, покажува анкетата на интернет-страницата Seekingarrangement.com.
 
И фудбалерите, а и спортистите генерално имаат добар рејтинг, бидејќи имаат милиони во банка.
 
Во истражувањето учествувале 1.000 жени кои требале да ги наведат квалитетите на совршениот сопруг.
 
Жените избирале и кој би бил најдобар сопруг од познатите личности. Според анкетата на прво место е Питер Џонс, на второ место е богаташот Ричард Бренсон, на трето принцот Вилијам, на четврто Даниел Крејг, а на петто место Колин Фирт.