Франција: Еден убиен, неколку повредени во напад во фабрика

26.06.2015 12:56

Властите стравуваат дека се работи за терористички напад, бидејќи на местото на инцидентот било најдено знаме на Исламска држава...

Паника во Франција. Еден човек загина, двајца се повредени, поивеќе од 40 се евакуирани при напад на фабрика за гас во близина на градот Гренобл.

Според непотврдени информации мажот бил обезглавен и не работел во фабриката. Властите стравуваат дека се работи за терористички напад, бидејќи на местото на инцидентот било најдено знаме на Исламска држава.

Истрагата е во тек, а министерот за внатрешни работи се упатил кон местото на несреќата за лично да ја води истрагата.