Почна ликовната колонија „Вевчански видувања“

26.06.2015 13:03

Во Вевчани почна шесттата традиционална Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ на која учествуваат над 30 еминентни ликовни уметници од Македонија, но и од Грција, Србија, Египет, Мексико, Монголија, Полска, Франција, Бугарија, Словенија, Романија, Турција и од Италија.

Познатиот вевчански дух, сплотеноста и креативноста на Вевчнци, на оваа колонија според еден од најреномираните уметници во нашата земја ја прави единствена на европско тло.

Во наредните денови Вевчани ќе се претвори во отоворен бесконечен простор и инспирација за ликовните уметници. Голем број светски признати уметници, кои инспирирани од убавините на Вевчани и неговите извори ќе се обидат својата креативност да ја пронајдат и пренесат на платно.

До сега на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ учествувале голем број еминентни ликовни уметници.

Изминатите години со слики од Колонијата беа организирани поголем број изложби, меѓу кои и во Подгорица - Црна Гора, Софија - Бугарија, како и во Скопје, Прилеп, но и низ други градови во Македонија.

Јованчо Наумоски