Гереро ја потопи Боливија
Во 20-та минута му ја донесе почетната предност на Перу. Три минути подоцна му се израдува и на вториот погодок. Страдањето на Боливијците беше дефинитивно завршеново 74-та минута со недостижните 3:0...

Голгетерското шоу на Паоло Гереро ја внесе селекцијата на Перу во нова битка за почестите на Копа Америка. До пласман во полуфиналето, перуанскиот состав стигна по победата над Боливија со 3:1.Ѕвездата на вечерта беше ветеранот Гереро. Три пати ја погодуваше мрежата на противникот. Рано започна неговата голема претстава.
Во 20-та минута му ја донесе почетната предност на Перу. Три минути подоцна му се израдува и на вториот погодок. Страдањето на Боливијците беше дефинитивно завршеново 74-та минута со недостижните 3:0. Хет-трик на виртуозниот Гереро, актуелен напаѓач на бразилскиот Фламенко, а поранешен голгетер на Баерн Минхен и Хамбургер, за голем исчекор на перуанскиот тим.
Со 24 постигнати гола во дресот на Перу,Гереро на вечната голгетерска листа му се доближи само на два погодока на најславното фудбалско име на Перу, Теофило Кубиљас.Боливија во 84-та минута успеа само да го ублажи поразот.
Стрелец од „белата точка“ беше Морено Мартинс. Перу на претходната Копа Америка во 2011-та го освои третото место. Дали ќе успее да го повтори успехот од Аргентина пред четири години?
Потомците на древните Инки пред себе имаат висока бариера. Тоа е домаќинот Чиле, чии фудбалери веќе се подготвуваат за полуфиналето во вторник на Естадио Насионал во Сантјаго.
А, од ¼ финалната сеанса на Копа преостануваат уште два исклучително интересни натпревари. Тоа се Аргентина-Колумбија и Бразил-Парагвај.
