Терористички напад во Франција
Лично претседателот Франсоа Оланд даде појаснувања дека атентатот е извршен со автомобил возен од едно лице, можеби придружувано од друго, кој со голема брзина се нафрли врз фабриката класирана САВЕСО...

Франција повторно се соочува со терористички напади, само шест месеци по крвавите атентати во Париз кога животот го загубија 17 лица, во Сант-Кантан Фалавие, на југот од Лион, во фабриката за гас. За среќа билансот на жртвите е многу полесен, но целта на терористот беше јасна- да предизвика максимум жртви.
Лично претседателот Франсоа Оланд даде појаснувања дека атентатот е извршен со автомобил возен од едно лице, можеби придружувано од друго, кој со голема брзина се нафрли врз фабриката класирана САВЕСО, со оглед дека проиведува и чува експлозивни и запалливи материи, со цел да предизвикува експлозија од терористички карактер.
„Нападот е со терористичка природа, откако беше пронајдено обезгалевно тело со натписи. Во моментов додека зборувам има едно загинато лице и две ранети. Лицето за кое се сомнева дека го изврши нападот беше уапсено и идентифукувано, развиени се безбедносни сили во регионот, за да се избегнат нови драми. На Европскиот самит ми беше изразена солидарност. Секој се сеќава што се случи во јануари во нашата земја. Имаше емоции, но само емоциите не можат да бидат единствениот одговор. Одговорот е акцијата, превенцијата, потребата да се носат вредностите и да не се попушта пред стравот, да се биде на висината и да не се создаваат непотребни поделби“, изјави претседателот Франсоа Оланд.
Попладнево во Елисејската палата, Оланд одржа кризен Совет за одбрана посветен на новиот терористички напад. А само неколку часа по нападот, министерот за внатрешни работи, Бернард Казенев, даде неколку информации за идентитетот на главниот осомничен за нападот.
„Идентиетот на криминалецот се утврдува. Но ние веќе знаме дека станува збор за Јасин Салхи. Ова лице веќе било следено во 2006 година поради радиказлизација, следење кое не било обновено во 2008-та. Истото досега не било осудувано“, изјави Казанев.
Според Казенев тоа лице живеело во регионот на Лион во Сант Приест, и сега се прават последните проверки. Тој притоа појасни дека истото било поврзано со салафистичките движења, но не било познато за врски со терористи. Според информациите на „Монд“, тој е роден во март 1980 година и е на возраст од 35 години.
Јасин Салхи, беше уапсен во дворното место на фабриката со повреди на главата, откако бил неутрализиран од страна на пожарникар. Министерот ја пофали „храброста“ и „ладнокрвноста на пожарникарот“. Јасин првично одби да го даде својот идентитетот.
Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев нагласи дека убиеното лице е тоа чие тело беше пронајдено обезглавено со натписи и дека истрагата му е доверена на антитерористичкото јавно обвинителство од Париз.
Барем засега, овој напад во Франција не се позврува со крвавивите терористички акти во Тунис и Кувајт, но одговорните француски политичари, за ралика од некои кои зборуваа за „петта колона“ повикуваат на смиреност и на одлучна акција за елиминирање на радикализмот и тероризмот.
Тони Гламчевски
