Исламска држава одоговорна за нападот во Кувајт

26.06.2015 16:40

Сведоци тврдат дека за време на нападот во објектот имало 2.000 верници...

Во напад на шиитска џамија во Кувајт загинаа 25 лица, а десетици други се повредени. Одговорноста ја презеде Исламска држава. Ова не е прв акт на ИСИС во земјите од заливот, но е прв врз Кувајтските шиити кои сочинуваат една третина од популацијата во оваа држава.

Сведоци тврдат дека за време на нападот во објектот имало 2.000 верници. Премиерот Ал Сабах, оцени дека бомбашкиот напад во главниот град е обид да се загорзи националното единство на Кувајт.