Нови дестинации од македонските аеродроми
29.06.2015 10:36
Билетите за новите одредишта беа пуштени во февруари годинава...

Нови пет авионски линии за директно поврзување со европските центри. Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрих-Шафен се новите дестинации до кои од утре ќе почне да лета нискобуџетната „Виз-ер“ од скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Билетите за новите одредишта беа пуштени во февруари годинава. До петте нови дестинации унгарскиот авиопревозник ќе оперира двапати неделно.
Од аеродрмот „Св. Апостол Павле“ од Охрид, пак, од задутре, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно.
