Сиера Леоне: Полициски час против еболата

29.06.2015 11:53

Непочитувањето на одлуката за домашен карантин ќе биде казнувана со затвор...

Претседателот на Сиера Леоне воведе полициски час што ќе трае  наредните три недели во северозападните делови на земјата за да се спречи повторното ширење на вирусот ебола.

Тој предупреди дека непочитувањето на одлуката за домашен карантин ќе биде казнувана со затвор. Мерката е воведена поради болеста од која во Сиера Леоне до сега починаа близу четири илјади лица.