Промоција на проектот „Непокор“
Проектот, чијашто реализација е логично заокружување на одбележувањето на јубилеите на Македонската Радио Телевизија, представува уште еден чекор во заложбите за афирмирање и подршка на македонската музика, творештво и музичка сцена...

Во понеделник на 29 ти јуни, во 19 часот во музејот на Револционерната борба во Скопје, ќе се одржи официјална промоција на „Непокор“ новиот аудио материјал во продукција на Македонската Радио Телевизија во соработка и со подршка на Министерството за култура на РМ.
Проектот, чијашто реализација е логично заокружување на одбележувањето на јубилеите на Македонската Радио Телевизија, представува уште еден чекор во заложбите за афирмирање и подршка на македонската музика, творештво и музичка сцена. Дел од песните веќе ја имаа својата ТВ промоција во ревијалниот дел на фестивалот на авторска композиција во духот на македонската фолклорна музичка традиција „Цветници“ 2015.
„Непокор“ содржи 12 стари револуционерни песни од македонската музичка ризница во аранжман и обработка на Никола Мицевски, а посветени на дел од најеминетните ликови и настани од македонското револуционерно минато од Илинденскиот период, опеани и оставени како духовно и културно наследство од македонскиот креативен народен гениј.
Стручен консултант за оригиналност и изворност на текстовите од песните е проф. д-р Марко Китевски, а истите се во интерпретација на: Александар Тарабунов, Влатко лозановски, Андријана Јаневска, Кирил Митовски, Маријан Стојановски, Ламбе Алабакоски, Мишко Крстевски, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Анастасија Петреска и женскиот хор при ДБУЦ „Илија Николовски Луј“.
