Продолжуваат преговорите за нуклеарната програма на Иран
29.06.2015 12:47
Иран и групата пет плус еден – Кина, Сад, Франција, Велика Британија, Русија и Германија веќе 20 месеци водат тешки преговори за нуклеарната програма...

Преговорите меѓу шесте светски сили и Иран за спорната нуклеарна програма ќе продолжат и по 30 јуни кога истекува рокот за конечен договор.
Иран и групата пет плус еден – Кина, Сад, Франција, Велика Британија, Русија и Германија веќе 20 месеци водат тешки преговори за нуклеарната програма.
На 2 април во Лозана постигнаа договор за ограничување со кој се спречува можноста Техеран да произведува нуклеарно оружје.
