Порторико како Грција

29.06.2015 14:31

Како своевидна копија на грчката криза, банкротот на Порторико исто така, има потенцијал да ги поскапе задолжувањата за владите на федералните држави ширум САД...

Гувернерот на Порторико, Алехандро Гарсија Падиља изјави дека островот нема пари за враќање на повеќе од 70 милијарди долари долг, отворајќи ја вратата на „криза без преседан“ од таа страна од Атлантикот, пишува „Вашингтон Пост“.

Како своевидна копија на грчката криза, банкротот на Порторико исто така, има потенцијал да ги поскапе задолжувањата за владите на федералните држави ширум САД. Долгот на Порторико е четири пати поголем од оној што предизвика банкрот на Детроит во 2012 година.

Како слободна придружна држава на САД, Порторико има најголем долг по глава на жител во Америка и во последните години бележи егзодус на населението, незапомнет уште од 50-те години на минатиот век.