Нова градинка во Пинтија

29.06.2015 14:52

Според министерот Спасов оваа инвестиција претставува инвестиција во иднината на идните генерации...

Продолжува со реализација проектот за отворање нови градинки. Поставен камен темелник на нова детска градинка во населбата Пинтија. Градоначалникот на општина Кисела Вода, Биљана Беличанец Алексиќ соопшти дека градинката ќе се протега на 480 метри квадратни, ќе биде со капацитет меѓу 80-90 дечиња ќе биде со 3 занимални за деца на возраст од 3-6 години и една занимална јасли пропратно со сите стандарди и услови.

Според министерот Спасов оваа инвестиција претставува инвестиција во иднината на идните генерации.

„Очекуваме до крајот на оваа година или почетокот на следната година овде на ова место да има една нов прекрасен објект, една нова детска градинка.  Оваа инвестиција е во најголем дел инвестиција  на Општина Кисела Вода, што целосно ќе го изгради овој објект, а ние како Министерство за труд и социјална политика дадовме поддршка во целосно опремување на новиот објект кој што ќе биде изграден, со инвестиција од 4.000.000 денари“, објасни министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Во последните две години се изградени 30 градинки, а дополнително ќе се градат уште во 10 општини. Министерот Спасов најави и дека до крајот на годината, близу 700 хонорарци во градинките ќе го решат животното прашање за постојано вработување.