Започна изградбата на новиот водоводен систем во Шуто Оризари

29.06.2015 15:02

Претседателот на Владата, Никола Груевски изјави дека ова е уште еден од големиот број инфраструктурни проекти кои се реализираат на територијата на општина Шуто Оризари...

Со изградба на нов систем за водоснабдување ќе се реши децениските проблеми со водоснабдувањето во Шуто Оризари и дел од Скопје Север. Инвестицијата за изградбата на новиот систем изнесува 3 милиони евра. Целиот проект ќе биде готов во јуни идната година.

„Новопланираниот водоснабдителен систем ќе опфати изградба на резервоар од 4.350 кубни метри во близина на постојните резервоари на ЈП „Водовод и канализација“ на улицата Гвадалахара; пумпна станица кај поранешната фабрика на АД „ТИПО“ на булеварот Словенија и цевковод со должина од 2,3 километри“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Претседателот на Владата, Никола Груевски изјави дека ова е уште еден од големиот број  инфраструктурни проекти кои се реализираат на територијата на општина Шуто Оризари, се со цел подобрување на квалитетот на живот на жителите на оваа општина.