Издадени потврди на над 5.000 мигранти за искажана намера за барање азил во Македонија

29.06.2015 15:07

Најбројни се државјаните од Сирија, околу три илјади, потоа Авганистан близу 500, Ирак и Сомалија...

Новите измени на Законот за азил условија за само 10 дена барања да побараат пет илјади странски државјани од кои близу четири илјади се мажи, а има и над 400 деца.

Најбројни се државјаните од Сирија, околу три илјади, потоа Авганистан близу 500, Ирак и Сомалија. Според Министерството за внатрешни работи, продолжуваат мерките за контрола на јужната граница кон Грција.

Од денеска пак на Српско-македонската граница патролираат мешани Унгарско-австриски- српски тимови по барање на владата во Белград. И официјален Берлин најавува испраќање свои полицајци на границата со Македонија.