НБРМ: Нема опасност од прелевање на кризата!

29.06.2015 15:19

Банкарскиот систем во Република Македонија е отпорен на секој шок што може да се случи поради ситуацијата во Грција. Работењето помеѓу македонските и грчките фирми продолжува, изјави гувернерот Богов на денешната прес- конференција...

Централната банка порача- не постои никаков ризик за домашниот банкарски сектор од грчката криза.

„Банкарскиот систем во Република Македонија е отпорен на секој шок што може да се случи поради ситуацијата во Грција. Работењето помеѓу македонските и грчките фирми продолжува најнормално, како и досега, но едиствено сега нема да можат да се даваат позајмици и вложувања од Македонија кон Грција. Ситуацијата во банките редовна, нема повлекување на депозити, депонентите најнормално си работат, банките се отворени, сите банкомати работат, секој може да вложи или подигне пари без никакво ограничување, најнормално е работењето и воопшто нема никаков одраз ситуацијата во Грција“, изјави гувернерот на НБРМ, Димитар Богов. 

Двете банки со доминантен грчки капитал на македонскиот пазар, кои учествуваат со 22 насто во вкупната актива се стабилни, ликвидни и не се изложени на грчката криза.