Европол заплени 2,8 тони кокаин
29.06.2015 15:23
Во рамките на операцијата „Блу Амбер“ се извршени рации на 260 локации во сите 28 земји членки на Европската унија...

Европол уапси над 500 осомничени и заплени 2,8 тони кокаин и стотици возила во серија рации против организираниот криминал.
Во рамките на операцијата „Блу Амбер“ се извршени рации на 260 локации во сите 28 земји членки на Европската унија од почетокот на мај до крајот на јуни.
Цел биле шверцерите на големи количини со товарен и авионски превоз.
