Наскоро оглас за субвенционирање набавка на трактори и механизација

30.06.2015 10:25

На почетокот на јули ќе се објави оглас за субвенционирање на набавката на трактори и механизација. Половина од трошоците се исплатуваат од програмата за рурален развој...

Јавниот повик треба да биде објавен на 1-ви јули, а сите земјоделски стопанства кои производуваат житни, фуражни и индустриски култури можат да побараат субвенции.

Повратот на инвестиција е од 50 до 75 проценти, во зависност дали се работи за млад земјоделец, и каде се наоѓа површината.

Фармерот треба да има повеќе од 0,5 хектари за тутун или 1,5 хектари за житна или фуражна култура.

 

Методија Трајков