Авионска несреќа во Индонезија- најмалку 30 жртви

30.06.2015 10:47

Војската потврди дека носел 12 членови на екипажот, но не е познато дали имало други патници и колку луѓе настрадале на земјата...

Страшна авионска несреќа на Суматра – запален воен авион се урна врз куќи, загинаа најмалку 30 луѓе. Само неколку минути по полетувањето од аеродромот во градот Медано, авионот од типот Херкулес Ц-130 се урнал среде густо населен кварт.

Војската потврди дека носел 12 членови на екипажот, но не е познато дали имало други патници и колку луѓе настрадале на земјата.

Ова е втор пат авион да се урне во Медано – пред 10 години Боинг 737 се урна врз куќи, при што загинаа 143 луѓе.