28 жртви во експлозија на автомобил бомба во Сана

30.06.2015 11:07

Цел на нападот биле водачи на шиитските бунтовници кои присуствувале на погреб...

Во експлозија на автомобил бомба во главниот град на Јемен, Сана загинаa 28 луѓе. Одговорноста ја презедоа џихадистите од Исламска држава, а цел на нападот биле водачи на шиитските бунтовници кои присуствувале на погреб.

Хути бунтовниците се борат против силите лојални на претседателот Мансур Хади кој е во егзил. Воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска арабија која го поддржува,  имаа разорувачко влијание врз цивилите.