Човек се запали во јапонски брз воз

30.06.2015 11:26

Патникот што се полеал со масло и се запалил во првиот вагон на линијата Токио-Осака починал, соопштија од јапонската железница...

Еден патник почина, а уште најмалку осуммина се повредени откако човек се запали во јапонскиот брз воз. Патникот што се полеал со масло и се запалил во првиот вагон на линијата Токио-Осака починал, соопштија од јапонската железница.

Хоспитализирани се уште две лица поради проблеми со срцето.

Брзите возови наречени „куршум“ имаат добра историја на безбедност и патуваат со брзина до 320 километри на час.