Кабул: Бомбаш самоубиец нападна конвој на НАТО
30.06.2015 14:00
Нема повредени војници, соопштија од Алијансата, но повредени се 17 цивили...

Силна експлозија близу до меѓународниот аеродром во Кабул, во близина на американската амбасада и врховниот суд. Бомбаш самоубиец со автомобил нападнал конвој на НАТО.
Нема повредени војници, соопштија од Алијансата, но повредени се 17 цивили.
Експлозијата се случила во еден од најбогатите делови во Кабул, близу до прометна трговска улица.
