Грција: Нов договор или референдум в недела

30.06.2015 16:27

Се бројат часови во кои Атина треба да исплати рата од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд. Доаѓаат сигнали дека премиерот Ципрас е подготвен на отстапки и прифаќање на предлогот на Европската комисија за договор со кредиторите. Грците гневни поради ограничувањето за повлекување пари од банкоматите. На бенизинските пумпи и денеска редици...

Вечерва на полноќ истекува рокот во кој што Грција треба да врати 1,6 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд. Грчките граѓани се уверени дека Грција нема да го плати долгот, освен ако некој не им помогне.

Се наоѓаме во слободен пад. Да се надеваме дека некој ќе ни помогне и дека ќе имаме решение во последната минута“, вели жител на Атина.

И денеска, веќе 4- ти ден по ред, во грчката престолнина сеуште има редици граѓани што чекаат пред банкоматите. Грците се гневни поради т.н. контрола на капиталот и тоа што дневно може да вадат само по 60 евра од банкоматите.

Стигнав до возраст од 50 години и сега ми велат дека треба да живеам со 60 евра на ден. Моето семејство брои 4 членови, па секој од нас треба да живее со 15 евра дневно“, вели жител на Атина.

Вчера вечер пак на плоштадот Синтагма, илјадници Грци излегоа со порака дека на референдумот в недела ќе кажат „НЕ“ на условите што ги барааат меѓународните кредитори кои што грчките граѓани се почесто ги споедуваат со гангстерска банда.

Поради оние што ја потпишаа нашата пропаст, Ципрас сега не може да најде решение. Освен тоа, ги имаме и оние над нас кои што не залажуваат. Да им кажеме НЕ на овие гангстери“, вели еден демонстрант.

 Од владеачката СИРИЗА излегоа со сооштение дека граѓаните велат едно големо НЕ на уцените, тероризирањето и заканите.  Во верашното телевизиско интервју, грчкиот премиер Алексис Ципрас и порача на нацијата – сме поминале и низ потешки времеиња, ќе преживееме и овој пат.

Мислам дека мора да останеме смирени и да се соочиме со секоја уцена и закана. Пред неколку денови, телефонски ги информирав моите колеги, претседателот Оланд и канцеларката Меркел за фактот дека одлучивме да имаме референдум и им побарав продолжување на програмата за само неколку денови, за да имаме можност како суверена држава и народ да донесеме одлука. Тие ми се јавија следниот ден за да ми каѓат дека нема можност за продлжување на програмата. Им одговорив дека  доколу таква можност не постои, не треба да се грижат, бидејќи грчкиот народ ќе преживее и без програмата“, изјави премиерот Алексис Ципрас.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денеска потврди дека и покрај притисоците од Еврогрупата, референдумот в недела ќе се оддржи и волјата на Грците ќе биде испочитувана.

Станува збор за едно право кое што Еврогрупата се обиде да го одземе затворајќи ги банките. Ние го осигуруваме ова право, онака како што бара грчкиот народ. Ова е нашата цел, да им дозволиме на Грците да го изразат своето мислење за предлогот на кредиторите“, изјави министерот за финансии, Јанис Варуфакис.

 

Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ