Поради кризата помалку Грци во Гевгелија

30.06.2015 17:25

Ако гевгелиските и дојранските трговци очекуваа дека ќе се офајдат од состојбата во Грција, денеска се покажа дека се прелажале. На улиците и по пазарите Грци има дури и помалку од порано. Лимитот од 60 евра на грчките банкомати, автоматски им ги блокира картичките, па не можат да извадат пари од кај нас...

Празни улици, без турканици пред банкоматите, продавниците или бензинските. Ваква е сликата од Гевгелија, најпосетуваниот град од соседите Грци. Најтешката финансиска криза на Грција не ги донесе нивните граѓани во Македонија. Жителите на Гевгелија велат дека нема наплив на гости оттаму.

И пазарџиите потврдуваат дека слаба е фрекфенцијата на јужните соседи. Последниве неколку дена скоро воопшто и да не пазаруваат на гевгелиските тезги.

И од бензиските пумпи велат дека нема зголемен интерес за набавка на горива од Гевгелија.

МТВ посети неколку бензиски на кои немаше присуство на автомобили од Грција.

Катерина Давчева