Врнежите добредојдени за пролетните култури

01.07.2015 10:00

Повремениот локален дожд кој се најавува за оваа недела ја успорува жетвата на јачменот. За другите пролетните култури врнежите се добредојдени...

Повремените врнежи од дожд се добредојдени за пролетните култури. Проблематични се само за јачменот поради прекинувањето на жетвата која е во тек.

Врнежите имаа повеќе позитивно влијание во земјоделството одколку што предизвикаа штети.  

Зголемената влажност во почвата во површинскиот слој веќе дава позитивни резултати а сличните временски услови во наредниот период ќе овозможат жетвените работи да продолжат со исто темпо.

Методија Трајков