Грција: Истече рокот за плаќање на долгот
Оди ли Грција кон банкрот? ММФ потврди дека Атина не ја исплати ратата од 1,6 милијaрди евра. Земјата бара продолжување на рокот за отплата на долговите. Преговорите продолжат. Министрите за финансии на еврозоната преку телефонска конференција ќе разговараат за предлогот што Атина го достави непосредно пред истекот на рокот. Ќе заседава и советот на Европската централна банка...

Грција го пропушти крајниот рок за исплата на долгот од 1,6 милијарди, потврди ММФ. Портпаролот Гери Рајс изјави дека Грција од сега ќе може да добива кредити само откако ќе ги расчисти своите обврски. Денеска продолжуваат разговорите на министрите за финансии на еврозоната, по предлогот на официјална Атина, да го продолжи рокот на отплата за две години. Како што пренесуваат светските медиуми, Еврогрупата одбила две од трите барања кои ги упати Ципрас. Брањето кое се однесува на кредитот од европскиот механизам за стабилност ќе биде разгледано одвоено од итните мерки по референдумот, но барањето на Ципрас за нов кредит речеси е невозможно да се исполни.
„Секој нов состанок за спасување на земјата може да содржи нови, построги услови од оние кои досега и беа предложени на Грција. Сосотјбата во земјата се влошува. Економијата е во тешка сотојба. Ќе имаме понатамошни разговори за нова програма, но многу е тешко да се остварат конструктивни разговори“, изјави Јерон Дијселблом, министер за финансии на Холандија.
Грчкиот министер за финансии Варуфакис изјави дека Грција е подготвена да го откаже референдумот доколку продолжат преговорите со ЕУ.
„Овдека е вистински хаос. Не мислам дека нешто добро ќе се случи, мислам дека ќе биде полошо“, изјави жител на Атина.
„Ќе биде добро мислам дека владата ќе постигне договор со кредиторите“, смета друг жител.
Вчера во Атина се одржаа протести. Повеќе од 30 илјади граѓани со транспаренти „остануваме во Европа“, побараа да се поддржат реформите што ги бараат кредиторите.
Марија Петковска
