Летен универзитет по француски јазик во Струга

01.07.2015 10:27

Професори по француски јазик од Македонија и од соседните земји и годинава, по петнаесетти пат учествуваат на летниот курс што го организира Француската амбасада. Струга во наредните неколку дена ќе биде домаќин кој во изминатите години на учесниците им обезбедуваше одлични услови за престој, работа и за изучувањето на францускиот јазик...

Во Македонија се повеќе се зголемува интересот за изучување на францускиот јазик. Од тука и се поголемата посетеност на летниот универзитет по француски јазик, како втор официјален во Европската Унија. Струга по петнаесетти пат е домаќин на овој настан.

За професорите по француски јазик од Република Македонија одржувањето на овој универзитет  претставува одлична можност за доедукација на францускиот јазик.

На годинашното издание присуствуваат околу деведесет учесници претежно професори по француски јазик од Македонија, потоа од Косово, Албанија и од Србија.

Инаку Македонија е признат и почитуван член на франкофонското семејство, а овој курс уште повеќе ќе придонесе кон зголемување на респектот од земјите од оваа група.

Јованчо Наумоски