Македонија- дел од единствениот царински транзитен систем на ЕУ

01.07.2015 10:35

Преку овој единствен транзитен систем, нашите царински испостави рамноправно ќе учествуваат со околу 3 илјади царински испостави од речиси цела Европа...

Македонија стана дел од единствениот царински транзитен систем на Европската унија. Државава е 34-та земја членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка каде што партиципираат сите 28 земји членки на Европската унија, 4 земји членки на ЕФТА (Европската асоцијација за слободна трговија), Норвешка, Исланд, Швајцарија, Лихтенштајн. Потписник на конвенцијата е и Турција.

Преку овој единствен транзитен систем, нашите царински испостави рамноправно ќе учествуваат со околу 3 илјади царински испостави од речиси цела Европа. Со пристапувањето кон конвенцијата за заедничка транзитна постапка, ќе се забраза и поедностави транспортот и трговијата со Европската унија, ЕФТА и со Турција, како наши најголеми и долгорочни надворешно- трговски партнери, велат од Царинската управа.