Нови квоти за приватните аптеки од денес

01.07.2015 10:37

Средствата се распределени на вкупно 768 аптеки кои имаат активен договор...

Од денеска важат новите квоти за приватните аптеки. Целта е да се овозможи посоодветна дистрибуција на средствата за лекови, односно подобра снабденост за осигурениците, велат од Фондот за здравствено осигурување.

Средствата се распределени на вкупно 768 аптеки кои имаат активен договор. За 634 аптеки квотата се зголемува, за 74 се намалува, а за 37 аптеки таа не се менува.

Нови квоти ќе има за 23 нови приватни аптеки. Буџетот на ФЗОМ за квоти за аптеките за годинава е две милијарди и 450 милиони денари.