Почнува првиот Фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“
Концептот на фестивалот е да се приближи македонската со европските и светските музички и филмски култури. Секоја година ќе има различна земја-партнер...

Со ексклузивната изложба на фотографии со Дејвид Боуви, вечер почнува првиот Фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Во текот на 5-те фестивалиски денови ќе бидат прикажани 13 филмови. Манифестацијата е дел од „Скопско лето 2015-та“.
Концептот на фестивалот е да се приближи македонската со европските и светските музички и филмски култури. Секоја година ќе има различна земја-партнер. Годинава тоа е Германија, а со поддршка на германската амбасада, во Скопје пристигнува и режисерот Ули Шупел.
Покрај филмската програма, во рамките на фестивалот ќе бидат организирани и работилници, предавања и мастер-часови поврзани со филмската музика, музичката продукција и културниот менаџмент.
Дел од филмовите ќе се прикажуваат и во Кинотека на Македонија.
