Луксембург го презема претседавањето со ЕУ
01.07.2015 11:52
Претседавањето, како што е најавено, ќе се заснова врз седум столбови...

По 12-ти пат Луксембург денеска го презема од Летонија шестмесечното претседавање со ЕУ.
Претседавањето, како што е најавено, ќе се заснова врз седум столбови: поттикнување на растот, инвестиции и вработување, продлабочување на социјалните димензии на ЕУ, управување со миграциите, фокус врз дигитализација на единствениот пазар, промоција на конкурентноста, одржливиот развој и јакнење на улогата на Унијата на глобална сцена.
Од 1-ви јануари 2016 година претседавањето со ЕУ ќе го преземе Холандија.
