Со еден документ, стоката од Македонија низ 34 земји
Едноставна царинска постапка, полесен и побрз транспорт, намалени трошоци, бесплатна апликација. Ова се поволностите за економските оператори. Сега сме единствената држава од Југоисточна Европа која пристапи кон Конвенцијата на ЕУ...

Со еден транзитен документ стоката од Македонија ќе се движи низ 34 земји во Европа. Државава се приклучи кон Европскиот транзитен систем. Едноставна царинска постапка, полесен и побрз транспорт, намалени трошоци, бесплатна апликација. Ова се поволностите за економските оператори. Сега сме единствената држава од Југоисточна Европа која пристапи кон Конвенцијата на ЕУ, пред да стане нејзина полноправна членка. Клучен адут за конкуретноста на економијата и трговската размена со членките на ЕУ, ЕФТА и Турција, чекор поблиску кон интеграцијата во ЕУ.
„Кога станува збор за интеграција на Македонија во ЕУ станува збор за подгинување на стандарди и реализација на активности кои ќе ја подобрат позицијата и конкуреноста на земјата. Токму ова е една таква активност и сите мерки и активности што се презедоа значат подигнати стандарди на работењето на Царинската управа во овој сегмент и активност од која ќе имаат корист и компаниите“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
250 илјади царински транзитни декларации годишно помалку на граничните премини, зголемена ефикасност во елекртонската обработка на податоци, поголема безбедност на транзитените операции. Со заедничката транзитна постапка ќе се подбри системот за превенција, полесно ќе се откриваат измамите – оценуваат надлежните.
„Електронската транзитна декларација со која е започната транзитната постапка во која било земја членка на Конвенцијата е прифатлива за сите земји членки каде што таа стока транзитира“, објасни директорката на Царинската управа, Наташа Радеска- Крстевска.
Заедничкиот транзитен систем обединува повеќе од три илјади царински испостави во Европа. Софтверот кој ја поврзува Македонија со членките на Конвенцијата е финансиран со три милони евра, финансиска подршка од ЕУ, и поливина милион евра, пари од државната каса.
Сузана Фиданска- Стоевска
