Државниот долг на Грција 177,1%, на Македонија 36%

01.07.2015 16:36

Грција сериозно се заканува да ја разниша Европа. Државниот долг на земјата изнесува 177 проценти од БДП. За споредба, овој процент за Македонија изнесува 36 отсто. Нашата земја во февруари предвреме се раздолжи со монетарците, а грците синоќа го пропуштија и последниот рок да се раздолжат со ММФ...

Грција тоне во банкрот затоа што државниот долг на земјата изнесува 177,1 процент и е за дури 141,1 процентен поен повисок од државниот долг на Македонија. Грција стана првата земја во Европа која не успеа навреме да го врати долгот кон ММФ.

Македонија во февруари предвреме се раздолжи со монетарците. Освен по ова, економската слика на Македонија драстично се разликува од грчката по следниве параметри. Македонија со вкупен државен долг од 36 проценти и јавен долг од 43,6 насто и натаму останува најниско задолжена земја во Европа и во регионот.

Со предвремената исплата кон ММФ од 174 милиони долари се намали нивото на државен и јавен долг за 1,7 процентни поени.

Доказ дека Македонија е четврто најниско задолжена држава во регионот се и последно објавените податоци на Евростат за нивото на просечниот државен долг на земјите од еврозоната.

Според Евростат просечниот долг, во земјите од еврозоната изнесува 91,9 проценти и е за 55,9 процентни поени повисок од државниот долг на Македонија.

Потврда за стабилното ниво на долгот, Македонија годинава доби и од реномираните агенции за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ и „Фич“.

За разлика од Македонија, агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ вчера го намали уште еднаш кредитниот рејтинг на Грција на ЦЦ.

 

Сунчица Николоска