Во Клиничката болница Штип 53-ца волонтери добија решенија за вработување
Надлежните велат дека со трансформацијата на работниот однос на волонтерите им се овозможува трајно да го решат својот егзистенцијален проблем...

Драги Димитриев, 19 години работи како волонтер во клиничката болница во Штип. Како болничар работел во неколку одделенија, сега е на одделот за физикална терапија во Бањата Кежовица. Задоволен е што му се реши едно од најважните животни прашања - вработувањето.
Уште 53-ца волонтери во Клиничката болница во Штип добија решенија за вработување на неопределено време.
„Сите веднаш добиваат решение, односно им се странсформира работниот однос, но со одложено дејство на трансфорамцијата, односно во овој период додека трае не смее под ниту еден услов да им биде прекинат договорот“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
„Ние имаме и други волонтери, но законот предвиде да вработените со непрекинато работење од 1 септември 2014 да им се трансформира работниот однос“, изјави д-Р Елизабета Папарова, директор на Клиничката болница- Штип.
Надлежните велат дека со трансформацијата на работниот однос на волонтерите им се овозможува трајно да го решат својот егзистенцијален проблем.
Само во здравството по овој основ се доделени близу 2.000 решенија.
Андријана Атанасовска
