Струмичани бараат Заев да поднесе оставка од градоначалничката функција
Сметаат дека Заев го изгубил легитимитетот да биде градоначалник, а не исполнил и голем дел од предизборните ветувања...

Оставка од Заев и нови локални избори за градоначалник во Струмица побараа граѓаните, кои велат дека се „Чувари на демократијата“. Сметаат дека Заев го изгубил легитимитетот да биде градоначалник, а не исполнил и голем дел од предизборните ветувања.
„Заев, наместо да бега, да држи пресови во Скопје и други градови нека дојде тука во Струмица, каде што ние граѓаните го плаќаме и нека објасни зошто ниту едно ветување не е исполнето. Зошто Струмица е запуштена и единствена општина без градоначалник“, рече Димитар Ангелов, пензионер.
Скоро месец и пол од пред малиот парк веднаш до Собранието на Струмица повикуваат на повлекување на Заев од градоначалничката функција.
