Професионалните војници мотивирани
Мотив за работа – вака професионалните војници ја дочекаа одлуката на владата која предвидува тие, по ангажманот во армијата по 45-та година, да бидат распределени во друга институција. Велат дека завршуваат предизвиците што ги мачеле, а се однесуваат на понатамошната егзистенција.
Мотивираноста е 100-процентна кај професионалните војници. Сите знаат дека нивниот статус е решен и ќе може да се посветат на работата и исполнување на зададените задачи – рече Ацо Спасовски генерален секретар на синдикатот на одбраната и безбедноста.

Законското решение позитивно ќе влијае на борбената готовност и на мотивирање за извршување на борбените задачи –изјави Ванчо Исајов претседател на независниот синдикат на одбраната.
Владината мерка за професионалните војници содржи и човечка и професионална димензија. Ова е историска мерка која позитивно ќе влијае врз секој поединец на одбраната- велат првите луѓе во министерството.
Имајќи предвид дека статусот на војниците е решен тие не мора да размислуваат за нивната понатамошна судбина- изјави министерот за одбрана - Талат Џафери министер за одбрана
На овој начин професионалните војници најдобро се мотивираат, да се подготвени, дисциплинирани и квалитетно да ги извршат задачите – рече заменикот министер за одбрана Емил Димитриев.
Првите професионални војници кои ќе бидат прераспределени во други институции на работа откако ќе наполнат 45 години во 2018 година.
Миле A. Ристески