САД не планираат да ја напуштат базата Гвантанамо
02.07.2015 10:55
Изјавата следува само еден ден откако Вашингтон и Хавана соопштија дека ќе отворат амбасади...

САД не планираат да ја напуштат воената база Гвантанамо на Куба, соопшти американскиот министер за одбрана Ештон Картер. Изјавата следува само еден ден откако Вашингтон и Хавана соопштија дека ќе отворат амбасади.
Кубанските власти сметаат дека за воспоставување нормални односи, САД мораат да им ја предадат базата Гвантанамо. Американците ја зеле под наем во 1903 година, а кубанците тврдат дека тоа е сторено под притисок.
