Се олеснува пристапот до земјоделските кредити

02.07.2015 13:31

Фондот е наменет за корисниците на средствата од ИПАРД програмата, а ќе биде достапен и за капитални инвестиции за модернизирање и унапредување на земјоделскиот сектор...

Со воспоставување на гарантен фонд, Министерството за земјоделство и УСАИД ќе овозможат банките почесто и со поголема доверба да ги кредитираат земјоделците. Фондот е наменет за корисниците на средствата од ИПАРД програмата, а ќе биде достапен и за капитални инвестиции за модернизирање и унапредување на земјоделскиот сектор.

„Преку овој гарантен фонд земјоделците и корисниците на ИПАРД кои ќе побараат кредити од Комерцијална банка, Халк банка, Прокредит банка или Стопанска банка - Битола потребно е да достават обезбедување, односно гаранција само за 50 отсто од висината на побараниот кредит, додека останатите 50 проценти ќе ги гарантира овој фонд“, изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков.