Потона ферибот во близина на Филипини, најмалку 36 загинати

02.07.2015 13:47

Според првичните информации лошото време односно силниот ветер и големите бранови ја предизвикале несреќата...

Потона ферибот со 173 патници  во близина на градот Ормок, Филипини. Спасувачките екипи успеале да спасат десетина патници, најдени се 36 тела, но голем број се водат за исчезнати.

Некои од патниците кои биле спасени се хоспитализирани во локалните болници. Според првичните информации лошото време односно силниот ветер и големите бранови ја предизвикале  несреќата.