Новиот состав на ДКСК постапувал по 79 предмети, решил 39

02.07.2015 14:33

Комисијата работела и на 23 предмети од областа на имотната состојба на функционерите...

Во периодот од два месеци новоизбраниот состав на Aнтикорупциската комисија постапувал по 79 предмети во кои постоеле елементи на корупција и решил 39.

Според претседателот Mиленков, во овој период биле отворени 42 случаи на судир на интереси од кои 25 биле решени. Комисијата работела и на 23 предмети од областа на имотната состојба на функционерите.

На прес-конференцијата, Mиленков не сакаше да ги коментира поставените новинарски прашања за наводните криминални случаи презентирани во „бомбите“ на опозицијата.

Фиљана Кока